Телефон

+389 23 109 704

Е-маил

advokat@ckr.mk

Адреса

бул. Св. Климент Охридски, 63А/8
1000 Скопје, Македонија

Повеќе од 25 години искуство

Адвокатската канцеларија Чакаровска е една од водечките адвокатски канцеларии во Македонија, која постои повеќе од 25 години со седиште во Скопје.

Во канцеларијата се вработени повеќе адвокати и стручни соработници, задолжени за различни области на правото, кои постојано се соочуваат со различни предизвици во пријатна работна атмсфера. Основач на Адвокатска канцеларија Чакаровска е Данче Чакаровска, адвокат, регистриран застапник за заштита на правата од интелектуална сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост и регистрационен агент пред Централен Регистар на РМ, со повеќе од 25 годишно искуство во областа на правото.

Адвокатската канцеларија Чакаровска на своите клиенти им нуди комплетна правна помош во разни области на правото, а особено во толкувањето и примената на законските прописи од областа на деловното право и право на трговски друштва.

Нашите правни услуги опфаќаат сѐ, од техничка административна работа па сѐ до сложени договори и судски постапки.

Воедно, нашата адвокатска канцеларија е меѓу ретките во Македонија која има застапувано над 800 правни и физички лица пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со голем процент на успешност. Ги поседуваме и потребните лиценци за работа пред ЦРРМ и ДЗИС, а најголемиот дел од работата со институтциите ја вршиме по официјален електронски пат, што ни овозможува да дадеме брза услуга на клиентите.

Својата дејност адвокатската канцеларија ја остварува на целата територија на РМ, а во случај на правни работи прозилезени од договори со меѓународен елемент имаме воспоставено соработка со странски адвокатски канцеларии, како и застапување пред Европскиот Суд за Човекови Права во Стразбур. Услугите ги даваме на македонски и англиски јазик, а за други јазици соработуваме со овластени судски преведувачи.

Услуги

  • Нашата посветеност на одржување и развивање на широк опсег на области на работа, ни овозможува да им нудиме правна помош на фирмите во секој домен од нивното работење, како и правни мислења, анализи и совети за корпоративното управување.Наша специјалност е изработување на сеопфатна проценка на можните правни ризици поврзани со корпоративниот статус, побарувања, договори, обезбедувања, интелектуална сопственост итн. на една компанија – процес кој е познат како длабинска анализа на целокупното (Legal Due Diligence).

    Ваквиот процес и овозможува на една компанија подобра позиција во преговорите со други страни, на пример во случај на преземања и спојувања, меѓутоа истотака помага да се идентификуваат, управуваат и избегнат ризиците кои произлегуваат од секојдневниот тек на деловното работење.Застапувањето во деловни преговори и изготвувањето на деловни (B2B) договори, како спојувања и преземања, деловна соработка и Joint venture, е уште една специјалност на адвокатската канцеларија Чакаровска.

    Ваквите договори често имаат странски елемент, и поради тоа ги изработуваме по европски и меѓународни правни стандарди, притоа имајќи го предвид правото на меѓународните организиции и правото на ЕУ. Ние сме меѓу ретките адвокатски канцеларии во Македонија кои го познаваат европско деловно право и ова ни овозможува на клиентите да им понудиме сигурно, целосно, долгорочно решение дури и кога станува збор за комплексни договори со странски елемент.Покрај изработка на вакви договори, изготвуваме и правни мислења за постоечки договори и правни мислења за важечката законска регулатива, како и застапување пред суд во случај на спор поврзан со договорот.

    Со оглед на секојдневните активности во деловниот и правниот промет, голем број компании одлучуваат ние да дејствуваме како нивни постојани надворешни советници за сите правни и деловни прашања со кои се сочуваат со текот нивното работење, без разлика дали истите компании имаат своја сопствена правна служба или не. Со ваквиот потег компаниите стекнуваат поголема правна сигурност и подобра позиција во однос на нивните конкуренти.

    Ова го сочинува т.н. процес на корпоративно управување кадешто се јавуваме како консултанти во сите фази од постоењето на едно друштво – од вложувањето на основачкиот капитал, систем на органи на управување, до советување за корпоративни финансии со употреба на широк спектар на правни и финансиски инструменти. Во моментот дејствуваме како постојани надворешни правни советници на најпознатите компании во информатичката, издавачката, прехрамбената и камионската индустрија во Македонија.

  • Адвокатската канцеларија Чакаровска има широко искуство во креирање на деловни потфати преку припојување и превземања на домашни друштва од странски инвеститори, основање на трговски друштва, статусни промени (присоединување, спојување и поделба) и реорганизација на друштва, регистрирање за ДДВ, отворање на сметки, основање подружници и други дејности неопходни за започнување и подобрување на работењето на едно друштво. Најголем дел од овие активности се спроведуваат во ЦРМ, за што е потребно лиценца за Регистрационен агент. Нашата канцеларија ја поседува ваквата лиценца од 2007 година. Воедно од 2013 година,

    дел од ваквите промени се прават електронски, за што нашата канцеларија е целосно технички опремена и обучена, што доведува до намалување на трошоците и времето за спроведување на ваквите активности.

    Исто така, имаме големо искуство и при одлука за прекин со деловната активност, без разлика дали е доброволно со ликвидација или присилно со стечај. И во двата случаи ги применуваме сите правни средства за да обезбедиме сигурен и чист прекин на деловната активност на друштвото. Од друга страна, со голем успех застапуваме и доверители кои имаат побарувања наспрема друштво во стечај.

    Една од нашите специјалности е внатрешното корпоративно управување на едно трговско друштво. Овде спаѓаат одлуки на друштвото со кои се уредуваат односите помеѓу содружниците/акционерите, права на малцински акционери, одлуки за големи зделки, за пренос на удел, за стекнување сопствени удели на друштвото, промена на статут или договор за друштвото и слично. Овие правни услуги моментално ги даваме секојдневно (паушално) на најпознатите компании во камионската, информатичката, издавачката и прехрамбената индустрија во Македонија.

    Кога станува збор за трговско право со странски елемент, нашата адвокатска канцеларија има учествувано во неколку потфати на странски трговски друштва, отварање претставништва и подружници на странски друштва. Едно од најзначајните искуства од оваа област е основањето и давање секојдневни правни совети на една од најуспешните фондации на УСАИД во Македонија, која делува во областа на претприемништвото. Со оваа фондација успешно соработуваме и денес.

    Решавање на трговски спорови е уште една важна област во праксата на нашата канцеларија. Ние ги застапуваме нашите клиенти во судски постапки кои вклучуваат различни видови на спорови пред судовите на сите нивоа. Со текот на годините, нашиот тим има стекнато богато искуство за денес да може брзо да се справи со сложени стопански спорови.

  • Адвокатската канцеларија Чакаровска обезбедува правни услуги во сите сфери на работните односи. Нашите услуги се состојат од составување на договори за вработување, менаџерски договори согласно меѓународни стандарди и искуства, припремање на општи акти (правилници за работа, дицплинска постапка, систематизација на работни места, и сл.), статути, одлуки од областа на работните односи, а вклучително вршиме и пријавување и одјавување на работници, како и други постапки пред административните и судските органи на Република Македонија.

    За потребите на нашите странски клиенти, често ја спроведуваме постапката за добивање на дозволи за работа и вработување на странци, вклучително и добивање на дозволи за работа на преместени работници од странство.

    Меѓу другото, нашата адвокатска канцеларија нуди и услуги кои се состојат од толкување на законските прописи, советување во областа на работните односи во поглед на правта и обврските на работодавачите и на работниците, вработување на лица со помош на мерки за поттикнување на вработување, учество во процесот на намалување на бројот на вработени од деловни причини, како и спроведување и водење на дисциплински постапки за утврдување на дисциплинска одговорност на вработениот.

  • Нашата адвокатска канцеларија нуди целосна услуга кога станува збор за градежништво, од самиот почеток на склучување договор за градба, па се до добивање на употребна дозвола. Имаме искуство во изработка и склучување на договори за градба и за заедничка градба.

    Исто така, учествуваме во постапки за легализација на бесправно изградени објекти и во постапки за експропријација.

    За потребите на нашите странски клиенти, често ја спроведуваме постапката за добивање на дозволи за работа и вработување на странци, вклучително и добивање на дозволи за работа на преместени работници од странство.

    Меѓу другото, нашата адвокатска канцеларија нуди и услуги кои се состојат од толкување на законските прописи, советување во областа на работните односи во поглед на правта и обврските на работодавачите и на работниците, вработување на лица со помош на мерки за поттикнување на вработување, учество во процесот на намалување на бројот на вработени од деловни причини, како и спроведување и водење на дисциплински постапки за утврдување на дисциплинска одговорност на вработениот.

  • Често се случува една страна во договорен однос да остане без својот дел од договореното. За да се избегне ваквата ситуација ние преземаме два вида на мерки: превентивни и репресивни.

    Од превентивните мерки можеме да понудиме различни правни средства како што се позадинска проверка на договорната страна, изработка на преддоговор, вметнување на извршна клаузула во договорот и други.

    Посебно сме обучени за изработка на договор за осигурување на побарувања, договор за обезбедување на побарувања, како и советување за факторинг.Главна цел на овие мерки е да се намали или отстрани ризикот од прекршување на договореното. Поради ова, секогаш препорачуваме тие да се присутни, секако со содржина прилагодена на конкретните околности на случајот.

    Од репресивните мерки ја спроведуваме постапката за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа – платен налог. За поефикасно спроведување на оваа постапка имаме соработка со нотари и извршители надлежни за различни подрачја во Македонија. Доколку ваквата постапка стигне со надлежен суд, ги преземаме сите правно расположливи средства за и таа постапка да заврши брзо и во корист на клиентот. Во оваа област имаме големо искуство стекнато преку поднесување на неколку стотини платни налози месечно, како застапници на еден од македонските телекомуникациски оператори.

    Од друга страна, поднесуваме и приговори против платен налог, во случај кога едната страна смета дека е неоправдано барањето на другата страна. Со оглед на големиот број на платни налози, многу добро сме запознаени со постапката и доказите, а тоа ни дава предност и во постапка по приговор против платен налог.

  • Индустриската сопственост е од исклучителна важност за трговските друштва, бидејќи е метод за стекнување препознатливост на пазарот. Адвокатска канцеларија Чакаровска има големо познавање и искуство во оваа област и нуди различни услуги со цел постигнување на врвни резултати.

    Како регистриран застапник за заштита на правата од индустриска сопственост, Адвокатската канцеларија Чакаровска нуди услуги за заштита и реализација на овие права.

    Ова вклучува советување во врска со заштитата на идеи концепти, know-how, трговски марки и патенти, трговски имиња и авторски права, како и регистрација на истите со поднесување на апликација пред надлежните институции, спорведување на постапката се до конечна регистрација на правата од индустриска сопственост. Имајќи ја превид временската ограниченост на овие права, го следиме правото од индустриска сопственост и во консултација со клиентот, ја обновуваме заштитата на соодветното право.

    Посебно во областа на регистрација на трговски марки нашата канцеларија има долгогодишно искуство, вклучувајќи и успешно завршени постапки за заштита на трговски марки за кои Државниот завод првично сметал дека ‘немаат доволно дистинктивност’ и заштита на трговски марки пред Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO.

    Покрај заштита на правата од индустриска сопственост пред надлежните инститции, овие права можат да се заштитат и преку договори. За оваа цел изработуваме различни договори, како на пример договор за заштита на авторско право, клаузула за заштита на трговска марка во договор за деловна соработка како и договор за пренос на права од интелектуална сопственост.

    Дури и кога сите превентивни мерки се преземени, често се случува правата од индустриска сопственост да бидат повредени, и во ваков случај нудиме иновативни и стратешки решенија и користиме различни правни средства за отстранување на повредата, како предупредувачко писмо, спогодба, тужба и други. Нашата адвокатска канцеларија има голем процент на успешно завршени спорови од областа на индустриска сопственост, посебно во спорови кои се однесуваат на повреда на право на трговска марка.

  • Сопственоста е една од областите кои доколку не се добро уредени може да предизвикаат големи проблеми во деловното работење, но и во секојдневниот живот. Поради тоа, важно е сопственичките односи и права да се регулираат со договор, а за таа цел нашата канцеларија изработува најразлични договори од оваа област, како договор за продажба, за дар, за размена, закуп, делба на имот за време на брак и други.

    Нашите договори се сеопфатни и правно издржани, со што се елиминира опасноста од настанување на спор.

    Воедно, со најновите измени на законот, договорите за купопродажба на недвижност и на движна ствар со вредност над 10.000 евра мора да бидат составени од адвокат.

    Во случај на спор околку правото на сопственост, имаме големо искуство во застапување пред суд во случаи на нарушена сопственост или владение, како и на другите стварни права.

  • Адвокатската канцеларија Чакаровска има повеќедецениско искуство во составување и спроведување на најразлични договори со кои се уредуваат односите помеѓу две или повеќе лица.
    Уредување на односите помеѓу лицата пред започнување со било каква активност е суштествено како за ефикасно спроведување на работата така и за намалување на шансите за несогласувања.


    Поради ова настојуваме на склучување на договори и за таа цел изработуваме најразлични договори од областа на сопственоста, деловната соработка и градежништвото, како и договори за дело, за послуга, депозит, лиценца, комисион, застапување, цесија, пребивање и други, но и неименувани договори за специфични односи како факторинг и франшиза.

    Нудиме правни услуги и кога доаѓа до несогласувања во врска со одредена работа, со цел заштита на интересите на клиентот и исполнување на договореното. Во оваа област имаме голем процент на успешно склучени вонсудски спогодби и успешно завршени судски постапки, дури и во услови на непостоење на писмен договор.

    Сепак, уште еднаш Ве потсетуваме дека е многу корисно пред започнување на било каква деловна соработка да се склучи договор во законски предвидената форма.

  • Оваа област на правото навлегува во чувствителни и интимни делови од животот. Имајќи го ова предвид, нашата адвокатска канцеларија ги спроведува ваквите постапки со високо ниво на доверливост и разбирање кон клиентите. Ова подразбира дека ги преземаме сите мерки со цел постапката да се заврши побрзо, полесно и помирно, а во исто време да се дојде до долгорочно и правно поткрепено решение.


    Тука спаѓаат постапките за развод на брак по спогодбен пат или со тужба, делба на имот после развод на брак, вршење на родителско право над малолетни деца, старателство и посвојување. Со цел регулирање на нејасните сопсвенички односи кои настануваат во брак изработуваме договори за регулирање на сопственичките односи за време на брак.

    Од областа на наследно право, ги прибавуваме потребните исправи и ја спроведуваме оставинската постапка пред надлежен орган и составуваме тестаменти и договори за делба на имот за време на живот.

  • За искуството на нашата адвокатска канцеларија во постапувањето пред судските инстанци на територијата на Република Македоинја говори фактот што сме дејствувале како полномошници и застапници на многу физички лица и големи домашни и странски правни лица. За нашето ефикасно работење, стручност и способност говори високиот процент на добиени спорови и на задоволни клиенти.

    Познавањата на судските постапки (граѓански, управни и кривични) е резултат на секојдневната професионална работа и следење на судската практика и на измените и дополнувањата на законските решенија, сѐ со цел да се заштитат интересите на клиентот. Тука се вбројува и посетата на семинари со цел размена на мислења и стекнување на искуства, како и давање на идеи за подобрување на македонскиот правен систем.

    Ова ни овозможува да ги искористиме сите расположливи средства во постапката и да дојдеме до судска одлука која е во корист на клиентот.

Имате потреба од правна помош?

ЗАКАЖИ СОСТАНОК СО ЧЛЕН НА НАШИОТ ТИМ ПРЕКУ ФОРМАТА ПОДОЛУ

АКТИВНОСТИ

Со оглед на знаењето и практичното искуство кое го има нашата канцеларија, а воедно и благодарение на мрежата од контакти која ја создаваме низ годините, често добиваме покани за предавање од најразлични здруженија, асоцијации и други организатори на семинари и обуки. Имајќи го предвид елементот на општествената одговорност на нашата канцеларија и адвокати, ние со задоволство ги прифаќаме тие понуди и се трудиме да го пренесеме нашето знаење и искуство на заинтересираните лица. Такви предавања опфаќаат обуки за адвокат, правници, за претприемачи, менаџери, раководители на човечки ресурси и сметководители. Исто така, со задоволство прифаќаме понуди за колумни, статии и други дела во весници, правни списанија и на веб портали.

  • Сите
  • Весници
  • Правни списанија
  • Веб Портали

Нашиот тим

ДАНЧЕ ЧАКАРОВСКА

Адвокат и основач
Aдвокат, лиценциран застапник за заштита на правата од индустиска сопственост и регистрационен агент пред Централниот Регистар на РСМ. Таа е експерт во деловно, трговско, трудово и стварно право, како и корпоративно управување, со повеќе од 25 години искуство во правото.


Како основач, таа ја координира работата на другите адвокати и вработени, но во исто време е лично вклучена во секој случај и дејствие на канцеларијата. Редовно застапува клиенти пред домашните и меѓународните судови во случаи од поголема вредност.

Таа исто така составува договори, посебно оние од поголема вредност и со меѓународен елемент. Поконкретно, нејзина специјалност се сложени акти за основање трговски друштва, договори за вработување, менаџерски договори и договори со меѓународен елемент.


Покрај адвокатската кариера, помеѓу поважните искуства се вбројуваат извршен директор на меѓународна невладина организација, како и директор на правна служба на научен институт.

НИКОЛА КИРОВСКИ

Адвокат
Никола Кировски е роден во 1984 година во Скопје. Дипломира на правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје во 2006 год. и веднаш по завршување на факултетот ја започнува своката кариера како приправник во Адвокатската канцеларија.


Во 2009 година го положува правосудниот испит и започнува со работа кај Извршител Златко Пејовски од Скопје како стручен соработник. Кон крајот на 2011 година ја продолжува својата кариера во Канцеларијата, како стручен соработник, а од 2016 година како Адвокат.

Во Адвокатската канцеларија е задолжен за застапување на клиентите пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од сите области на деловното работење, како и во областа на работното право, корпоративното управување, граѓанско право, стопанско право, даночно правo итн. Исто така, има искуство во составување на авторски договори, како и заштита на авторските права и другите сродни права пред судовите на Р.М., како и како и заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.

Помеѓу поважните искуства се вбројуваат положен испит во 2008 год. за Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост на Македонија, учество во 2016 год. на обука за помирување на работни спорови за добивање Лиценца за помирувач во работни односи, како и други соработки и учества на проекти и конференции во областа на правото.

НИКОЛА ПЉАКОВ

Адвокат
Никола Пљаков е роден во 1990 година во Охрид. Дипломира на правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Магистерските студии ги завршува на истиот факултет во областа на казненото право во 2014 година и стекнува назив - Магистер по право од областа на казнено право (Master of Laws LL.M).

Во периодот од 2014 – 2015 година работи како волонтер – соработник на судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје. Од 2016 година работи како адвокат во адвокатската канцеларија.

Во Адвокатската канцеларија е задолжен за застапување на нашите клиенти пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од областа на деловното работење, трговско право, граѓанско право, финансово право, заштита на лични податоци, а особено од казненото право.

Помеѓу поважните искуства се вбројуваат одржувањето на обуки од областа на корпоративното управување и работни односи, како и обуки од областа на заштита на личните податоци. Тој исто така учествува на разни обуки и семинари од областа на интелектуалната сопственост, работни односи и трговско право, вклучувајќи учество на обука за граѓанско-правната заштита на правата од интелектуална сопственост, организирана од Twinning project, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Р.Македонија поддржан од Европска Унија, учество на семинар за работни односи поддржан од USAID, учество на бројни обуки и семинари од областа на заштита на личните податоци, организирани од домашни и странски институции, учество на обуки за добивање лиценца за сметководител.

ДАМЈАН ГРОЗДАНОВСКИ

Адвокат
Дамјан Гроздановски е роден 1994 година во Скопје. Дипломира на правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, Македонија со просек од 9,8. Магистрира со почести во областа на Европско деловно право во 2017 на Правниот факултет во Лунд, Шведска. Со работа во канцеларијата започна веднаш по дипломирањето, а правосудниот испит го положува во 2018 година.

Дамјан Гроздановски работи во областа на домашното и меѓународното деловно право, заштита на лични податоци, проекти ко-финансирани од Европската банка за обнова и развој, придонесува кон проекти на Светската банка и составува жалби до Европскиот суд за човекови права. Тој е задолжен за меѓународна соработка на канцеларијата.

Помеѓу поважните искуства се вбројуваат одржувањето на повеќе од 10 обуки во областа на заштита на лични податоци согласно европската регулатива, гостин-предавач во 3 наврати на Anglia Ruskin University Cambridge во областа на интелектуалната сопственост, повеќе објавени статии во областа на правото, Амбасадор на Лунд Универзитетот и доделено второ место од Европскиот суд на правда во Луксембург за меѓународен натпревар - European law moot court competition. Редовно посетува семинари и нетворк настани од областа на деловното право и за правото на ЕУ. Воедно е овластен судски преведувач од англиски на македонско јазик и обратно.

ТАМАРА КИТЕВСКА

Адвокатски приправник
Задолжена е за изготвување на нотарски платни налози, барања за извршување пред надлежни извршители, помош при изготвување на документи и спроведување на постапки за промени во трговски друштва пред Централниот Регистар на Р.С.Македонија, комуникација со институции, помош при спроведување на административни постапки, и др.

КРИСТИНА ЈАНЕСКА

Адвокатски приправник
Помеѓу поважните искуства се вбројуваат учество на обуки и семинари од областа на граѓанското и меѓународното право, како и успешно завршен курс за правни практични вештини во организација на факултетот.

Во Адвокатската канцеларија како адвокатски приправник е задолжена за комуникација со надлежни институции, изготвување нотарски платни налози и поврзани работи со тие постапки, како и изготвување барања за извршување.

ФИЛИП ГРОЗДАНОВСКИ

Административен менаџер
Филип Гроздановски е административен менаџер во канцеларијата. Тој е задолжен за водење на архивата, комуникација со клиенти, организирање на средби, подготовка на материјали, за работа или обуки, изготвување на официјални известувања од канцеларијата, одржување на веб страницата и профилите на социјалните мрежи и слично.

Исто така, помага на адвокатите и е задолжен за одржување на датабази со податоци, комуникација со државни институции и компании, како и други работи.

Награди и признанија

ceed

Совети

Заем што се трансформира во влог

Една од двете позначајни измени во Законот за трговските друштва во последниве две години, покрај предвидување на нов тип на друштво (ПДОО), е проширување на можноста за трансформирање на даден заем во влог во друштвото, односно конвертибилен заем (во понатамошниот текст конвертибилен заем).


Прочитај повеќе

Утврдување и запишување на вистинскиот сопственик на правно лице

Една од поактуелните теми деновиве е регистрирање во регистарот на вистински сопственици во Централниот регистар на РСМ


Прочитај повеќе

Работниот процес во услови на вонредна состојба

Имајќи ја предвид глобалната ситуација во врска со пандемијата од вирусот COVID-19, како и мерките, заклучоците и другите акти кои што нашата држава ги презема во насока на спречување на ширење на пандемијата и намалување на..


Прочитај повеќе

Откажување на договорот за вработување од деловни причини – постапка, критериуми, права и обврски

Откажувањето на договорот за вработување од деловни причини е единствен начин за работодавачите да го намалат бројот на вработени при намален обем на работа во овој кризен период.


Прочитај повеќе

Позначајни новини во новиот Закон за заштита на личните податоци (Сл.Весник на РСМ 42/2020 од 16.02.2020 година).

Новиот закон за заштита на личните податоци е објавен во Службен Весник на РСМ 42/20 од 16.02.2020 година, истиот влегува во сила осмиот ден од неговото објавување, а оставен
е рок од 18 месеци (период на усогласување) од денот на влегување во сила.


Прочитај повеќе

Контакт

Локација

бул. Св. Климент Охридски, 63А/8, 1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон:

+389 23 109 704

Се испраќа
Вашата порака е испратена

25+ Години искуство

Имате потреба од правна помош?