No slots available for this date
Aдвокат, лиценциран застапник за заштита на правата од индустиска сопственост и регистрационен агент пред Централниот Регистар на РМ. Таа е експерт ... Read more
Aдвокат, лиценциран застапник за заштита на правата од индустиска сопственост и регистрационен агент пред Централниот Регистар на РМ. Таа е експерт во деловно, трговско и трудово право. Како основач, таа ја координира работата на другите адвокати и вработени, но во исто време е лично вклучена во секој случај и секое дејствие на канцеларијата. Редовно застапува клиенти пред домашните и меѓународните судови во случаи од поголема вредност. Таа исто така составува договори, посебно оние од поголема вредност и со меѓународен елемент. Поконкретно, нејзина специјалност се договори за вработување, менаџерски договори и меѓународни договори.
Задолжен за застапување на клиентите пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од сите области на деловното работење, како и ... Read more
Задолжен за застапување на клиентите пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од сите области на деловното работење, како и во областа на работното право, корпоративното управување, граѓанско право, стопанско право, даночно правo итн. Исто така, има искуство во составување на авторски договори, како и заштита на авторските права и другите сродни права пред судовите на Р.М., како и како и заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.
Помеѓу поважните искуства се вбројуваат положен испит во 2008 год. за Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост на Македонија, учество во 2016 год. на обука за помирување на работни спорови за добивање Лиценца за помирувач во работни односи, како и други соработки и учества на проекти и конференции во областа на правото.
Задолжен за застапување на нашите клиенти пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од областа на деловното работење, ...
Read moreЗадолжен за застапување на нашите клиенти пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од областа на деловното работење, трговско право, граѓанско право, финансово право а особено од казненото право.
Дамјан Гроздановски е роден 1994 година во Скопје. Дипломира на правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје со просек од 9,8. Магистрира со почести ... Read more
Дамјан Гроздановски е роден 1994 година во Скопје. Дипломира на правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје со просек од 9,8. Магистрира со почести во областа на Европско деловно право на Правниот факултет во Лунд, Шведска. Со работа во канцеларијата започна веднаш по дипломирањето во 2015 година.
Дамјан Гроздановски e адвокат задолжен за работите од областа на домашното и меѓународното деловно право и жалби до ЕСЧП. Тој е задолжен за трудово, облигационо, и трговско право, како и право на ЕУ и меѓународна соработка на канцеларијата. Помеѓу поважните минати искуства се вбројуваат Амбасадор на Лунд Универзитетот и доделено второ место од Европскиот суд на правда во Луксембург за меѓународен натпревар - European law moot court competition. Редовно посетува семинари и нетворк настани од областа на деловното право и за правото на ЕУ. Воедно е овластен судски преведувач од англиски на македонско јазик и обратно.
Цветанка Костова е родена 1997 година во Кавадарци. Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје со почести. Таа е приправник во ...
Read moreЦветанка Костова е родена 1997 година во Кавадарци. Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје со почести. Таа е приправник во канцеларијата и е задолжена за изготвување на платни налози, брања за извршувања, комуникација со државни институции. Присуствува на судски рочишта заедно со адвокатите и им помага со документите.
Филип Гроздановски е административен менаџер во канцеларијата. Тој е задолжен за водење на архивата, комуникација со клиенти, организирање на средни, ...
Read moreФилип Гроздановски е административен менаџер во канцеларијата. Тој е задолжен за водење на архивата, комуникација со клиенти, организирање на средни, подготовка на материјали за работа или обуки, изготвување на официјални известувања од канцеларијата, одржување на веб страницата и профилите на социјалните мрежи и слично.