Нашата посветеност на одржување и развивање на широк опсег на области на работа, ни овозможува да им нудиме правна помош на фирмите во секој домен од нивното работење, како и правни мислења, анализи и совети за корпоративното управување.
Наша специјалност е изработување на сеопфатна проценка на можните правни ризици поврзани со корпоративниот статус, побарувања, договори, обезбедувања, интелектуална сопственост итн. на една компанија – процес кој е познат како длабинска анализа на целокупното (Legal Due Diligence).
Повеќе од 25 години искуство
Адвокатската канцеларија Чакаровска е една од водечките адвокатски канцеларии во Македонија, која постои повеќе од 25 години со седиште во Скопје.
Во канцеларијата се вработени повеќе адвокати и стручни соработници, задолжени за различни области на правото, кои постојано се соочуваат со различни предизвици во пријатна работна атмсфера. Основач на Адвокатска канцеларија Чакаровска е Данче Чакаровска, адвокат, регистриран застапник за заштита на правата од интелектуална сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост и регистрационен агент пред Централен Регистар на РМ, со повеќе од 25 годишно искуство во областа на правото.
Адвокатската канцеларија Чакаровска на своите клиенти им нуди комплетна правна помош во разни области на правото, а особено во толкувањето и примената на законските прописи од областа на деловното право и право на трговски друштва. Нашите правни услуги опфаќаат се, од техничка административна работа па се до сложени договори и судски постапки.
Нашите правни услуги опфаќаат се, од техничка административна работа па се до сложени договори и судски постапки.
Воедно, нашата адвоктска канцеларија е меѓу ретките во Македонија која има застапувано над 800 правни и физички лица пред Европскиот суд за човекови право во Стразбур, со голем процент на успешност. Ги поседуваме и потребните лиценци за работа пред ЦРРМ и ДЗИС, а најголемиот дел од работата со институтциите ја вршиме по официјален електронски пат, што ни овозможува да дадеме брза услуга на клиентите.
Својата дејност адвокатската канцеларија ја остварува на целата територија на РМ, а во случај на правни работи прозилезени од договори со меѓународен елемент имаме воспоставено соработка со странски адвокатски канцеларии, како и застапување пред Европскиот Суд за Човекови Права во Стразбур. Услугите ги даваме на македонски и англиски јазик, а за други јазици соработуваме со овластени судски преведувачи.
УСЛУГИ
Деловно право
Трговско право
Адвокатската канцеларија Чакаровска има широко искуство во креирање на деловни потфати преку припојување и превземања на домашни друштва од странски инвеститори, основање на трговски друштва, статусни промени (присоединување, спојување и поделба) и реорганизација на друштва, регистрирање за ДДВ, отворање на сметки, основање подружници и други дејности неопходни за започнување и подобрување на работењето на едно друштво. Најголем дел од овие активности се спроведуваат во ЦРМ, за што е потребно лиценца за Регистрационен агент. Нашата канцеларија ја поседува ваквата лиценца од 2007 година. Воедно од 2013 година,
Работни односи
Адвокатската канцеларија Чакаровска обезбедува правни услуги во сите сфери на работните односи. Нашите услуги се состојат од составување на договори за вработување, менаџерски договори согласно меѓународни стандарди и искуства, припремање на општи акти (правилници за работа, дицплинска постапка, систематизација на работни места, и сл.), статути, одлуки од областа на работните односи, а вклучително вршиме и пријавување и одјавување на работници, како и други постапки пред административните и судските органи на Република Македонија.
Индустриска сопственост
Индустриската сопственост е од исклучителна важност за трговските друштва, бидејќи е метод за стекнување препознатливост на пазарот. Адвокатска канцеларија Чакаровска има големо познавање и искуство во оваа област и нуди различни услуги со цел постигнување на врвни резултати.
Како регистриран застапник за заштита на правата од индустриска сопственост, Адвокатската канцеларија Чакаровска нуди услуги за заштита и реализација на овие права.
Градежништво
Нашата адвокатска канцеларија нуди целосна услуга кога станува збор за градежништво, од самиот почеток на склучување договор за градба, па се до добивање на употребна дозвола. Имаме искуство во изработка и склучување на договори за градба и за заедничка градба.
Исто така, учествуваме во постапки за легализација на бесправно изградени објекти во постапки за експропријација.
Наплата на побарувања
Често се случува една страна во договорен однос да остане без својот дел од договореното. За да се избегне ваквата ситуација ние преземаме два вида на мерки: превентивни и репресивни.
Од превентивните мерки можеме да понудиме различни правни средства како што се позадинска проверка на договорната страна, изработка на преддоговор, вметнување на извршна клаузула во договорот и други. Посебно сме обучени за изработка на договор за осигурување на побарувања, договор за обезбедување на побарувања, како и советување за факторинг.
Сопственост
Сопственоста е една од областите кои доколку не се добро уредени може да предизвикаат големи проблеми во деловното работење, но и во секојдневниот живот. Поради тоа, важно е сопственичките односи и права да се регулираат со договор, а за таа цел нашата канцеларија изработува најразлични договори од оваа област, како договор за продажба, за дар, за размена, закуп, делба на имот за време на брак и други. Нашите договори се сеопфатни и правно издржани, со што се елиминира опасноста од настанување на спор.
Воедно, со најновите измени на законот, договорите за купопродажба на недвижност и на движна ствар со вредност над 10.000 евра мора да бидат составени од адвокат.
Во случај на спор околку правото на сопственост, имаме големо искуство во застапување пред суд во случаи на нарушена сопственост или владение, како и на другите стварни права.
Семејно и наследно право
Оваа област на правото навлегува во чувствителни и интимни делови од животот. Имајќи го ова предвид, нашата адвокатска канцеларија ги спроведува ваквите постапки со високо ниво на доверливост и разбирање кон клиентите. Ова подразбира дека ги преземаме сите мерки со цел постапката да се заврши побрзо, полесно и помирно, а во исто време да се дојде до долгорочно и правно поткрепено решение.
Облигационо право
Адвокатската канцеларија Чакаровска има повеќедецениско искуство во составување и спроведување на најразлични договори со кои се уредуваат односите помеѓу две или повеќе лица. Уредување на односите помеѓу лицата пред започнување со било каква активност е суштествено како за ефикасно спроведување на работата така и за намалување на шансите за несогласувања. Поради ова настојуваме на склучување на договори и за таа цел изработуваме најразлични договори од областа на сопственоста, деловната соработка и градежништвото, како и договори за дело, за послуга, депозит, лиценца, комисион, застапување, цесија, пребивање и други, но и неименувани договори за специфични односи како факторинг и франшиза.
Застапување пред судови
За искуството на нашата адвокатска канцеларија во постапувањето пред судските инстанци на територијата на Република Македоинја говори фактот што сме дејствувале како полномошници и застапници на многу физички лица и големи домашни и странски правни лица. За нашето ефикасно работење, стручност и способност говори високиот процент на добиени спорови и на задоволни клиенти.
НАШИОТ ТИМ

Данче Чакаровска
Таа исто така составува договори, посебно оние од поголема вредност и со меѓународен елемент. Поконкретно, нејзина специјалност се сложени акти за основање трговски друштва, договори за вработување, менаџерски договори и договори со меѓународен елемент.
Покрај адвокатската кариера, помеѓу поважните искуства се вбројуваат извршен директор на меѓународна невладина организација, како и директор на правна служба на научен институт.

Никола Кировски
Во Адвокатската канцеларија е задолжен за застапување на клиентите пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од сите области на деловното работење, како и во областа на работното право, корпоративното управување, граѓанско право, стопанско право, даночно правo итн. Исто така, има искуство во составување на авторски договори, како и заштита на авторските права и другите сродни права пред судовите на Р.М., како и како и заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.
Помеѓу поважните искуства се вбројуваат положен испит во 2008 год. за Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост на Македонија, учество во 2016 год. на обука за помирување на работни спорови за добивање Лиценца за помирувач во работни односи, како и други соработки и учества на проекти и конференции во областа на правото.

Никола Пљаков
Во Адвокатската канцеларија е задолжен за застапување на нашите клиенти пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од областа на деловното работење, трговско право, граѓанско право, финансово право, заштита на лични податоци, а особено од казненото право.
Помеѓу поважните искуства се вбројуваат одржувањето на обуки од областа на корпоративното управување и работни односи, како и обуки од областа на заштита на личните податоци. Тој исто така учествува на разни обуки и семинари од областа на интелектуалната сопственост, работни односи и трговско право, вклучувајќи учество на обука за граѓанско-правната заштита на правата од интелектуална сопственост, организирана од Twinning project, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Р.Македонија поддржан од Европска Унија, учество на семинар за работни односи поддржан од USAID, учество на бројни обуки и семинари од областа на заштита на личните податоци, организирани од домашни и странски институции, учество на обуки за добивање лиценца за сметководител.

Дамјан Гроздановски

Тамара Китевска

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

Филип Гроздановски
Активности
Со оглед на знаењето и практичното искуство кое го има нашата канцеларија, а воедно и благодарение на мрежата од контакти која ја создаваме низ годините, често добиваме покани за предавање од најразлични здруженија, асоцијации и други организатори на семинари и обуки. Имајќи го предвид елементот на општествената одговорност на нашата канцеларија и адвокати, ние со задоволство ги прифаќаме тие понуди и се трудиме да го пренесеме нашето знаење и искуство на заинтересираните лица. Такви предавања опфаќаат обуки за адвокат, правници, за претприемачи, менаџери, раководители на човечки ресурси и сметководители. Исто така, со задоволство прифаќаме понуди за колумни, статии и други дела во весници, правни списанија и на веб портали.
- Сите
- Весници
- Правни списанија
- Веб портали
Блог

Позначајни новини во новиот Закон за заштита на личните податоци (Сл.Весник на РСМ 42/2020 од 16.02.2020 година).
Новиот закон за заштита на личните податоци е објавен во Службен Весник на РСМ 42/20 од 16.02.2020 година, истиот влегува во сила осмиот ден од неговото објавување, а оставен
е рок од 18 месеци (период на усогласување) од денот на влегување во сила.

Откажување на договорот за вработување од деловни причини – постапка, критериуми, права и обврски
Откажувањето на договорот за вработување од деловни причини е единствен начин за работодавачите да го намалат бројот на вработени при намален обем на работа во овој кризен период. Имајќи предвид дека се работи за отказ од работодавачот поради тоа што престанала потребата од вршење на одредена работа, а без притоа работникот да дал причина за тоа (нема вина, недостаток на знаења, итн.) во нашиот Закон за работните односи, но и во релевантните меѓународните документи, е предвидена специфична постапка и услови со цел да се спречат злоупотреби и арбитрарност.

Работниот процес во услови на вонредна состојба
Имајќи ја предвид глобалната ситуација во врска со пандемијата од вирусот COVID-19, како и мерките, заклучоците и другите акти кои што нашата држава ги презема во насока на спречување на ширење на пандемијата и намалување на штетните последици, како од здравствен, така и од економски карактер, неизбежно е дека сето тоа влијае и ќе влијае врз компаниите и работниците.

Утврдување и запишување на вистинскиот сопственик на правно лице
Една од поактуелните теми деновиве е регистрирање во регистарот на вистински сопственици во Централниот регистар на РСМ.

Заем што се трансформира во влог
Една од двете позначајни измени во Законот за трговските друштва во последниве две години, покрај предвидување на нов тип на друштво (ПДОО), е проширување на можноста за трансформирање на даден заем во влог во друштвото, односно конвертибилен заем (во понатамошниот текст конвертибилен заем).
Контакт
Адреса
бул. Св. Климент Охридски, 63А/8, 1000 Скопје, Македонија
Е-маил
Телефон
+389 23 109 704